ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Случај Алсат, Ковачевски: Се надевам дека ќе најдеме прифатливо решение за инвеститорот

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека е информиран за случајот со имотот на „ТВ Алсат“, но рече дека не ги знае сите детали. Сепак, тој изрази надеж за прифатливо решение за инвеститорот, секогаш имајќи го предвид правниот аспект.

„Информиран сум за случајот, не ги знам сите детали бидејќи за тој случај има законска процедура, за која постапка се вклучени правните органи, но вклучени се и државните органи, додека се работи за практично стара, во мандатот на 5 министри за финансии. Она што можам да го кажам како премиер е дека сите институции во државата во однос на овој случај, но и во другите случаи кога се работи за приватни инвестиции мора да постапуваат согласно законот, да се придржуваат до законските одлуки кои ги носат соодветните судови, во во чија работа не смее да се меша ниту еден државен орган, не смее да се меша и не се меша во моментов, со надеж дека ќе се најде решение, прво прифатливо за инвеститорите, но во законска рамка за која ќе одлучува органите на судската практика. Секако повеќе детали за ова може да дадат судовите и надлежното министерство во кое има таков случај каде има приватен инвеститор со одредени проблеми околу сопственоста“, рече Ковачевски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button