ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Статистика, 19 илјади луѓе постари од 15 години низ државата се неписмени

Статистика, 19 илјади луѓе постари од 15 години низ државата се неписмени

Над 13 илјади жени и над 5 илјади мажи, лица над 15 години кај нас се неписмени. Точниот број на неписмени лица во државата е 18 897 или 1,2% од резидентното население. Државниот завод за статистика го објави третиот сет на податоци од пописот во земјава за степенот на образование и работна сила.

Advertisements

Над 23 илјади луѓе или 1,5% се без никакво образование. Над 62 илјади лица или 4% немаат завршено основно образование, 27% се со основно образование, 44% се со средно образование, 17% се со високо образование, близу 2% се со магистерски и 0,4% со докторат. За 3% од резидентното население над 15 години нема податоци за училишна или академска подготовка.

Резидентно население над 15 години
18 897 се неписмени – 1,2% – (13 380 жени и 5 517 мажи)
23 192 лица или 1,5% се без образование
62 129 лица 4,1% се без завршено основно образование
423 456 лица или 27,8% се со основно образование
672 375 лица или 44,1% се со средно образование
263 349 лица или 17,3% се со високо образование
29 654 лица или 1,9% магистрирале
6.037 лица или 0,4% докторирале
45 174 лица или 3% се без податоци за училишна или академска подготовка

Луѓето со повисок степен на образование се во поголем број во насоките; инженерство, производство и градежништво, а помалку во насоките информатичката технологија и комуникација.
Работоспособното население на возраст над 15 години е 1.525.366, од кои 608.520 се вработени, а 109.249 се невработени. Бројот на неактивни лица е 768 549.

Резидентно население над 15 години
1 525 366 – работоспособни лица
608 520 се вработени
109 249 невработени
768 549 лица се работоспособни, но неактивни

Најмногу невработени се со средно образование, односно над 56.701 лице. Во преработувачката индустрија има повеќе вработени, односно 123 347 лица.

Според минатогодишниот попис, вкупното население е 2 милиони 97 илјади 319. Бројот на резидентно население е 1 милион 836 илјади 713, а бројот на саморегистрирани лица од дијаспората е 260 илјади 606. /Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button