Бучковски: Ковачевски требаше да се сретне со Мицкоски, опозицијата поддржуваше чекори во преговорите со Бугарија

Премиерот Ковачевски требаше да ја прифати понудата за средба дадена од страна на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, оценува во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, професорот и поранешен премиер, Владо Бучковски. Како што вели тој, по една таква средба нашата страна требало само да иницира постапка за уставни промени за запишување на Бугарите во Уставот, со што би се презентирала одредена иницијатива.
„За мое пријатно изненадување, опозицијата даде ветер во грбот на Владата, да биде порешителна, похрабра… Мислам дека фалеше една средба помеѓу премиерот на Владата и лидерот на опозицијата по подготвеноста на Мицкоски да биде кооперативен и да дефинира што за него значи реципроцитет“, рече Бучковски.