ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
До петок променливо, од сабота стабилизација на времето

До петок ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи, а постепена стабилизација на времето се очекува од сабота.
Локално се очекува невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град. Дневната температура ќе биде во опаѓање.
И во Скопската Котлина ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, повремено во форма на невреме.