ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Собранието се уште го утврдува дневниот ред од новата 73. седница

Собранието попладнево продолжи со утврдување на дневниот ред од новата 73. седница, која ја започна денеска. Предлог дневниот ред содржи 12 точки, по кои треба да работат пратениците, меѓу кои, две предлог-одлуки за испраќање на војници во меѓународни операции, две ратификации, измени на Законот за платите на судиите, како и на членовите на Судскиот совет, измени на Законот за сигурност на железничкиот систем, како и измени на Законот за средното образование.

Пратениците, главно од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата предлагаа законски предлози како точки за дополнување на дневниот ред, за промена на распоредот на точките, односно за повлекување од дневниот ред на предложени законски решенија за 73. седница.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицески процедурално – реагираше во врска со употребата на новиот систем во Собранието во однос на скратувањето на времетраењето на обраќање на пратеник-сопартиец на кој, како што посочи, согласно деловничките можности за предлагање точка на дневен ред му следувале три минути, а му беа ускратени две минути.

На процедурална забелешка од заменик-координаторката на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојановска дека не се почитува членот 85 од Деловникот според кој спикерот треба да се грижи пратениците да не бидат прекинувани при говорот и дека се злоупотребува системот, претседателот на Собранието Џафери рече дека нема проблеми по однос на овој член, Деловникот го одредува времето за збор, а процесот на дигитализација на работата на Собранието е согласно планот за развој.

На барање на Стојановска прогласена е пауза од еден час./МИА

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button