РЕГИОН
И партијата на Трифонов би се обидела да формира влада во Бугарија, вели пратеничка од ИТН

Партијата Има таков народ (ИТН) на Слави Трифонов, кој вчера објави дека излегува од владата во Бугарија, би се обидела да формира нова влада со широка коалиција доколку го добие мандатот во свои раце.
Ваквата опција ја најави пратеничката од ИТН, Ива Митева.
„Ако дојде до нас мандатот, ќе се обидеме. Ќе бараме влада со широка согласност“, рече Митева за бугарската Нова ТВ.
Таа смета дека избори во овој момент не се добро решение, но смета и дека е потребна нова влада, а не да остане истата.