ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
ВМРО и Алијанса ја обвинуваат Владата за злоупотреба на пари
ВМРО и Алијанса ја обвинуваат Владата за злоупотреба на пари

Опозицијата реагираше по скандалите кои ги објави Антикорупциската комисија. Станува збор за откритието дека оф-шор фирми се обиделе да добијат пари за помош од Владата и оти за три години биле потрошени 5 милиони евра за лизинг на автомобили. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Владата на СДСМ и ДУИ немилосрдно ги троши парите од народот во услови кога граѓаните едвај врзуваат крај со крај. Од Алијанса за Албанците обвинува дека Владата ги злоупотребува парите од државниот буџет.
„Сè додека овие експоненти и овој естаблишмент што беше создаден во 2017 година се на власт, ќе имаме ситуации на класична злоупотреба на јавните ресурси. Затоа нашето барање е итно да има предвремени избори и оваа влада да се замени со друга, “ Наим Бајрами, АА.