ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

За „Белата палата“, ВМРО ќе се жали во Стразбург

За „Белата палата“, ВМРО ќе се жали во Стразбург

ВМРО-ДПМНЕ ќе размисли да ја испрати судската одлука за конфискација на имот, партиското седиште и уште 30 штабови, до судот во Стразбур. Но, првично лидерот на оваа партија Христијан Мицкоски рече дека ќе се жалат до Апелациониот суд.

Според Мицкоски, судската пресуда е политички процес монтиран од власта, а во самата постапка имало многу спорни елементи. Пресудата, вели тој е напишана од порано, постапката била надвор од законските рокови за постапување по предметите од поранешното Специјално обвинителство, објектот е одземен, но не и земјиштето на кое е изградена, претставникот на партијата не бил сослушан во судот според законот за кривична постапка и слично.

Кривичниот суд вчера пресуди државата да ѝ го одземе седиштето на ВМРО-и 30-тина други локални штабови во случајот познат како „Талир 2“. Според обвинението, поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот генерален секретар на партијата Кирил Божиновски од 2011 до 2016 година ја користеле моќта од позиција на власт за да обезбедат ново партиско седиште од седум милиони евра. Од СДСМ велат дека „Талир 2“ го потврдува криминалот на претходната власт и оти ВМРО треба да ги врати украдените пари, а Мицкоски да се извини.

Луме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button