ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ковачевски ги повтори македонските позиции во разговорите со Бугарија

Во моментов кај нас нема дојдено предлог усогласен на ниво на сите земји членки на ЕУ. Ако сите тие, вклучително и Бугарија, усогласат предлог, тој ќе биде испратен и ние како влада ќе го разгледаме, рече премиерот Димитар Ковачевски, запрашан за францускиот предлог за надминување на ветото од страна на Бугарија. Во однос на позициите на нашата земја Ковачевски рече:

Advertisements

„Што се однесува до нашите позиции, тие се многу јасно дефинирани и во нашето Собрание, до коишто се придржуваме. Нема разговори за македонскиот јазик, нема разговори за македонскиот идентитет и решението треба да содржи сѐ вкупно решавање и гаранции дека со ова веќе нема да постојат никакви други барања во однос на нашето понатамошно напредување во интеграцијата во ЕУ“, рече Ковачевски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button