Двајца битолчани фатени во криумчаење на мигранти.
Полицијата ги забележала вчера на магистралниот пат Гевгелија – Демир Капија. Во возилото со кое управивал 50 – годишник, имало 24 мигранти главно од Пакистан, Сирија, Индија и Авганистан.
Биле префрлени во прифатниот центар „Винојуг“ во Гевгелија.
Против двајцата криумчари ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од МВР.