РЕГИОН
Ципрас за однесувањето на ЕУ кон С Македонија: Европа не треба да дава ветувања ако не може да ги исполни

Европската унија ќе треба да ги трпи последиците од нејзиното отсуство на единство во однос на Западниот Балкан, вели поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас и лидер на левичарската партија Сириза, во заедничката статија објавена на Exit и на EURACTIV.
Ципрас го коментираше повеќекратниот неуспех на ЕУ да им одобри отворање формални преговори на Албанија и на Северна Македонија.
„Мислам дека ова е уште еден пример за неспособноста на Европската унија како целина да носи колективни одлуки со стратешки фокус. И мислам дека ЕУ веќе плати и ќе плаќа за тоа во иднина“, вели Ципрас.