ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Кацарска „крена раце“ од политичарите, не верува дека ќе изберат нови уставни судии

Претседателката на Уставен суд, Добрила Кацарска, не гледа надеж дека наскоро ќе се пополнат испразнетите места со четворица нови судии. Во моментот тој работи на раб на кворум. Ако само еден судија отсуствува, тогаш не можат да одржат ниту седница.

Advertisements

„Јас веќе и не се надевам дека тоа ќе биде многу брзо. Онака како што се одвиваат работите во Комисијата за избори и именување не ми дава надеж дека тој проблем многу бргу ќе се реши. Навистина сум разочарана што толку долго трае и ова е веќе недозволиво за самите политичари. Не знам која е причината што не може и после скоро 13 месеци, да се изберат судии на Уставниот суд…“, вели Кацарска.

Во моментов судот работи само со пет судии. Ако до декември нема избор на нови судии, тогаш тој повеќе нема да може да функционира.

„На судијата Вангелина Маркудова ѝ завршува мандатот на почетокот на декември. Но и декември за час ќе дојде. Тоа значи дека веќе од декември, ако остане ваква ситуацијата, ние воопшто не ќе можеме да работиме…“, додава Кацарска.

Во собраниска процедура е изборот на тројца уставни судии. Откако ќе заврши нивниот избор, собранието ќе треба да избере уште еден. Изборот е заглавен во Комисијата за избори и именувања повеќе од една година.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button