ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО бара повлекување на Адеми или ќе му поднесе кривична пријава

Фрлањето филџани и шишиња на пратеникот Арбр Адеми од ДУИ, мотив за ВМРО – ДПМНЕ да бара негово повлекување од функцијата претседател на собраниската Комисија за европски прашања. Пратеникот Антонијо Милошоски изјави дека ќе му дадат простор на Адеми од ден – два за да се повлече од функцијата, во спротивно најавува кривична пријава против него за насилство.

Advertisements

„И самиот може да види, можеби не беше свесен во моментот, но може да види колку недолично беше неговото однесување, неговото викање, кршење, фрлање и уништување на инвертар. Тоа личи на сè, освен на Комисија за европски прашања… Сметам дека во неговото однесување како што гледаме на снимката, има елементи на кривично дело – насилство“, рече Милошоски.

Алсат го побара Адеми за став, но тој не ни одговори. Вчера пак, ВМРО – ДПМНЕ бараше да му се симне и пратеничкиот имунитет. Адеми вчера рече дека му е жал за настанот, но целата вина ја насочи кон Милошоски, кого дури го обвини дека под дејство на странски служби ја загрозува проевропската иднина на Македонија. Реагираше Милошоски.

„Работам за Република Македонија. Сите било кои други обвинувања сметам дека се неуспешно спинување за насилството коешто беше срам за Македонија…“, додава Милошоски.
При инцидентот, со чаша беше погоден пратеникот Елми Азири од Алијанса. Инцидентот се случи кога се утврдуваше дневниот ред во комисијата, каде требаше да се расправа за законски измени со кои работниот век на судиите би се продолжил до 67 годишна возраст.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button