ВМРО: Власта ни спрема асимилација; СДСМ: Мицкоски бега од консултации
ВМРО: Власта ни спрема асимилација; СДСМ: Мицкоски бега од консултации

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека не постои модифицирана верзија на францускиот предлог, туку станува збор за истата верзија одбиена минатата недела, со која наместо отворање на евро-перспектива се овозможува легална рамка за Бугарија да условува со идентитетски теми, со јазикот и со историјата.
Пратеникот Драган Ковачки обвини дека Владата свесно ќе даде согласност за асимилација, како услов за членство и упати порака до членството на СДСМ пред вечерашниов протест што го организира ВМРО пред Владата.
„Сега е моментот да покажеме единство, да ги надминеме партиските разлики и недоразбирања и да испратиме јасна порака дека нема да дозволиме да ни ја ретушираат македонската историја, да ни ги менуваат македонските учебници и да ја избришат колективната меморија на македонскиот народ. Оти без македонски народ, ќе го нема ниту ВМРО-ДПМНЕ ниту СДСМ, ниту друга македонска партија“, рече Драган Ковачки – пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Од СДСМ пак побараа сите политички партии да се вклучат во консултативниот процес. Портпаролката на партијата, Богданка Кузеска истакна дека со предлогот целосно е заштитен македонскиот идентитет, историските прашања не се дел од преговарачкиот процес и има чиста формулација за македонскиот јазик.
Таа рече дека Мицкоски бега од можноста со него да се консултира предлогот, иако тој претходно токму на тоа инсистирал. arabic casino
„Заедничкото делување со проруската инсталација Левица покажува дека ова е делување на анти-НАТО и анти-ЕУ коалиција. Деструктивното однесување на Христијан Мицкоски во однос на евроинтеграциите и прашањето со Бугарија се коси со секоја логика. Мицкоски го одби уште непрочитан предлогот на француското претседателство за отпочнување на преговорите со ЕУ, а прифати Резолуција на Европската народна партија со бугарските барања“, изјави Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ.
Инаку, покрај СДСМ, од коалициските партнери во Владата, јавно за предлогот се произнесе и ВМРО Народна партија, на чие чело е Љубчо Георгиевски. العاب بوكر
Според партијата, во предлогот нема ништо што го загрозува македонскиот идентитет и јазик. كازينو 888 /Alsat.mk
Лука Андреев