За два месецa бројот на заразени и жртви од Ковид 19 драстично зголемен

Скопје има за 6.539 повеќе активни случаи отколку на почетокот на септември. Исто како и пред два месеца, од скопските општини Аеродром води со активни случаи и продолжува да биде на врвот на оваа листа. Според извештајот на Министерството за здравство, 1.120 лица се заразени од корона во оваа општина, а на почетокот на септември бројката беше 99 лица. На државно ниво за неколку илјади е разликата во активни случаи од почетокот на септември и сегашните бројки, односно 1.895 година наспроти 15.589 што значи 13.694 случаи повеќе. Вкупниот број на заразени од септември е зголемен за 24,534. На 8 септември, имаше 15.226 заразени од почетокот на пандемијата, додека според извештајот оваа бројка достигна 39.760 лица или 24.534 случаи повеќе.
БРОЈКИ ВО ТЕКОТ НА ПОСЛЕДНИТЕ ДВА МЕСЕЦА
08.09.2020 08.11.2020
Број на заразени 15.226 39.760
Број на активни случаи 1.895 15.589
Број на жртви 631 1.136
Активни случаи во Скопје 575 7.114
Активни случаи во Аеродром 99 1.120
Драстичното зголемување на бројот на заразени лица ги стави здравствените установи пред вонредната состојба за да обезбедат поголем болнички капацитет, бидејќи во некои градови нема веќе слободни кревети. Во Куманово, Армијата помага во изградба на мобилна болница што е можно поскоро, а неколку центри за КОВИД се пуштени во употреба. Земјата е на врвот на листата на држави во регионот според бројот на жртви. До почетокот на септември 631 лица починаа од овој вирус. За само два месеци на овој список се додадени 505 граѓани. Ситуацијата стана уште позагрижувачка кога во дневните извештаи, покрај големиот број жртви, меѓу нив има лица на возраст од 20 до 30 години. Во последниот извештај на Министерството за здравство, бројот на жртви за прв пат е поголем од оној на излекуваните, односно 26 наспроти 24.
Еви Шкопи