РЕГИОН

Повторно несогласувања меѓу Рама и Баша за изборната реформа


Во Албанија продолжуваат несогласувањата околу изборната реформа,меѓу владејачкото мнознство и вонпарламентарната опозиција, откако социјалистите по постигнатиот договор на петти јуни, побара уставни измени со кои со новиот изборен законик се укинуваат изборни коалиции.

Околу овие измени договор синоќа постигнаа пратенците од власта и парламентарната опозиција,на средба со премиерот Еди Рама, што следуваше по неговата средба со американската амбасадорка Јури Ким.

Со тоа, како што изјави Рама, обезбедени се 84 гласови кои се потребни за изгласување на изборната реформа,што е еден од 15-те услови за почеток на преговорите со ЕУ, на што пак, остро се спротивставуваат од вонпарламентарната опозиција.

Во заедничката изјава за медиумите, обединетата опозицијата оценува дека „едностран уставен амандман со кој се забрануваат изборни коалиции е во спротивност со двата политички договори за изборите, од 14-ти јануари и оној на 5 јуни.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button