ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Состанок на „Отворен Балкан“, во фокусот – енергетската криза зимава
Состанок на „Отворен Балкан“, во фокусот - енергетската криза зимава
Претставници од енергетскиот сектор од Македонија, Албанија и Србија на средината на месецов во Тирана ќе бараат решение за кризната состојба во регионот за обезбедување на доволни количини на енергија во зимскиот период.
Ова било договорено на он-лајн состанокот на Отворен Балкан меѓу премиерите Ковачевски, Рама и српскиот претседател Вучиќ.
Покрај енергетската криза, главните точки на состанокот биле и привлекувањето на странски инвестиции, слободен проток на луѓе и стоки и евроинтеграциите.