РЕГИОН
Албанските социјалисти очекуваат преговори со ЕУ на 19 или 20 јули

Координаторот на пратеничката група на албанската владејачка Социјалистичка партија и генерален партиски секретар Таулант Бала изјави дека Првата меѓувладина конференција со Албанија, а се надева и со Северна Македонија, ќе се одржи следната недела 19-20 јули. Бала учествува на меѓународен симпозиум во Атина и се обратил на панел за импликациите од војната во Украина и за стратегијата за унапредување на членството во ЕУ на земјите од Западен Балкан. „Да не заборавиме дека почетокот на преговорите за членство со уште две земји во регионот не е доволен во новите геополитички услови по неоправданата и неиспровоцирана руска агресија врз Украина“, рече Бала.