РЕГИОН
Протести во Сараево против измените на Изборниот закон

Неколку илјади граѓани во текот на ноќта протестираа пред Канцеларијата на високиот претставник (ОХР) поради можни најави за измени на Изборниот закон на БиХ. Причината е документ кој се појави во јавноста, а кој го претставува наводниот нацрт на одлуката на високиот претставник Кристијан Шмит, со која се планира да се измени Изборниот закон на БиХ, како и дел од Уставот на Федерацијата БиХ. Министерството за внатрешни работи (МВП) на кантонот Сараево (еден од десетте кантони во Федерацијата Босна и Херцеговина) соопшти дека, според првичните проценки, на протестот присуствувале повеќе од 7.000 граѓани. Истиот извор наведува дека протестите поминале без инциденти.