ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Муареми бара одговорност од Русковска за претресот во Финансиската полиција

Финансова полиција за претресот извршен по наредба на Овинителството за гонење на организиран криминал, бара да реагираат и повисоките правосудни истанци. Денеска поднесоа барање до Советот на јавни обвинители да се преиспита постапувањето на шефицата на обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Русковска. Според информации на Алсат управата со која раководи Арафат Муареми подготвиле претставка која најверојатно утре ќе ја достават и до Судскиот совет кој ќе треба да провери врз основа на кои индиции судија на претходна постапка му одобрил на обвинителството да изврши претрес.

Advertisements

Управата за финансова полиција тврди дека наодите на обвинителство на Русковска не се докажани во барањето и наредбата за претрес. Првата претставка ја поднесоа до републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески кој најави дека ќе преземе дејствија по што ќе донесе одлука но до денеска се уште нема никаква реакција. Не откриваат ниту која била причината поради која ги повикал на разговор обвинителките кои биле задолжени за претресот.

Согласно законот, обвинителството може во секое време да побара пристап и да им бидат доставени на располагање документи за проверка. Од управата за финасиска полиција токму на ова реагираа и прашаа зошто обвинителката Русковска одлучила да врши претрес наместо да ја побара на увид документацијата бидејќи во наредбата не стои кои се основите на сомневање за претрес.

За евентуално разрешување, одредување дисциплинска мерка на обвинител, предлог одлука носи државниот јавен обвинител која потоа се испраќа до советот на јавни обвинители кој треба да го разгледа и да гласа на седница. Без ваков предлог од републичкото обвинителство, советот нема ингеренции да одлучува дали некој ќе биде разрешен. Додека пак, за постапувањето на судијата, судскиот совет може по претставка веднаш да одлучува.

Претресот во канцеларијата на директорот Арафат Муареми беше извршен минатата недела .Русковска не откри детали што се бара во финансиска полиција туку посочи дека се преземаат мерки по пријава на граѓани за наводно непостапување на Управата за финансиска полиција.

Мирјана Давидовска

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button