ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Не ја поминавме црвената линија

Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, му одговори на еврокомесарот за проширување Вархеј, според кого македонската опозиција со своето однесување ги преминала црвените линии. Мицкоски во интервју за „Дојче Веле“ вели дека единствените црвени линии што се поминати се продавањето на македонскиот идентитет и грубата трговија со македонската историја и култура.

„Единствената црвена линија што беше помината е онаа на здравиот разум, на идентитетското распознавање на Македонија и народот како и бескрајната толеранција на Европската Унија на неразумните блокади и тапкањето во место.. Комесарот мора да сфати дека никој од Владата не ја консултирал опозицијата при подготовката на документот што беше одобрен како преговарачка рамка. Барањата за објавување на текстот на Протоколот со мегаломанските барања на Бугарија беа игнорирани. Прифатена е преговарачка рамка, по што немаме вистински почеток на преговори, туку обична фотосесија“, вели Мицкоски.

Оливер Вархеј стана еврокомесар на предлог на унгарскиот премиер, со кој Мицкоски се сретна пред неколку дена. Но, според лидерот на македонската опозиција, Виктор Орбан не мисли исто како Вархеј, тој дури вели дека наишол на негово разбирање. Мицкоски ги оцени како невистинити информациите дека неговите чести патувања во Будимпешта се всушност за да добива инструкции од поранешниот прв човек на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

„Реакциите на СДСМ беа очекувани, тие се копи-пејст од последниот пат кога се сретнав со Орбан“, рече Мицкоски.

Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ предупреди дека во втората половина на август неговата партија ќе излезе со конкретни решенија за референдумот спротивно на преговарачката рамка.

Алсат

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button