ВЕСТИЗДРАВСТВО

Комисијата соопшти кога се очекува пикот на заболени од корона во земјава

За две недели се очекува пикот на новиот бран на коронавирусот. Од Комисијата за заразни болести велат дека нема место за паника, па дури се размислува и за дополнително релаксирање на мерките. Првиот човек на оваа Комисија Александер Петличковски рече дека 80 отсто од случаите во последниот месец се на варијантата БА.5 на Омикрон, која многу полесно се шири, но има благи и неопасни симптоми.

Од Комисијата за заразни болести ја разгледуваат можноста за укинување на карантинот на позитивните, а кои се без симптоми. Во моментов мерката самоизолација од 7 дена важи за оние кои имаат симптоми, додека лицата за контакт не се тестираат. Во петок Комисијата ќе одлучува дали периодот на самоизолација ќе се намали на 5 дена. Тој апелира на поголема внимателност на граѓаните со нарушено здравје.

На повикот за вакцинација досега одговараат само вакцинираните. Во текот на месец јули, откако почна да се дава четвртата доза, повеќе од 5 илјади граѓани примиле нова доза. Со трета доза се вакцинирале околу 700 лица, а значително помал е бројот на граѓани кои примиле прва или втора доза вакцина во јули. Но, пунктовите за тестирање почнаа да се полнат. Во текот на минатата недела, 55% од направените 10.000 ПЦР тестови биле позитивни, а од 4.300 дијагностицирани со корона вирус, околу 200 се лекуваат во болниците низ државата.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button