ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Занаетчиите бараат законски измени за да работат во недела

Занаетчиската комора на РСМ и Регионалната занаетчиска комора од Куманово бараат надлежните институции побрзо да реагираат и да ги донесат законските измени за недела неработен ден, информираа на денешната прес-конференција од ЗКРСМ.

Од комората велат дека со измените, работниците нема да трпат штета, ќе им се плаќа соодветниот надоместок, а занаетчиите ќе успеат да ја пребродат кризата која трае веќе од пандемијата.

– Да се размисли за измена на законот за недела неработен ден. المراهنات على المباريات Изминатата година комората постојано апелираше, со цел да не дојде до оваа состојба кога имаше јавnа дебата и кога се донесе законот, да се размисли и да се донесат измените и да се вкучат нашите предлози како и на стопанските комори. Наместо да се подготвиме за најавената најтешка зима за последниве децении, ние не можеме да сврземе крај во услови на лето кога имаме повеќе работа. كازينو اون لاين عربي За жал, Министерството за труд и социјална политика иако ни рекоа дека за брзо време ќе го решат овој проблем, нивниот одговор е дека законот е се уште во собраниска постапка, изјави претседателот на ЗКРСМ и на кумановската комора, Агрон Фазлији.

Тој појаснува дека не е во ред цвеќарници, фризерници, кројачници, златраници, но и други дејности да не работат во недела кога имаат огромен приход поради свадби и други прослави. Фазлији вели дека државата и занаетчиството губат пари, бидејќи граѓаните и особено сега печалбарите за семејни прослави (шминки, фризури, облека) трошат пари во соседните Косово и Србија, наместо во државата и кај нашите занаетчии.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button