РЕГИОН
Црна Гора одлучи да ги врати заштитните маски

Здравствената комисија на Црна Гора донесе одлука за задолжително носење маски во продавници, аптеки, јавни установи Носењето заштитни маски е задолжително и во затворените области на аеродромот, железничките и автобуските станици во следните 14 дена.
Доколку новите мерки не доведат до подобрување на епидемиолошката состојба во наредниот период, како задолжителна мерка ќе се воведе задолжителното носење заштитни маски во сите затворени простори.
До 12 август, поради зголемениот број на новозаболени, донесени се дополнителни епидемиолошки мерки, покрај досегашните, за да се спречи ширење на инфекцијата со коронавирус. Една од новите мерки е носење заштитна маска во сите институции на јавната администрација.