ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пуштени две ленти за камиони на Табановце

Пуштени две ленти за камиони на Табановце

Во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“ и со цел олеснување и забрзување на прометот на стоки, на граничниот премин Табановце беа пуштени во употреба две нови ленти за камиони.

Advertisements

При посетата на претставници на МВР, Царинската управа и Стопанската комора беше констатирано дека дигитализацијата и електронската сигнализација треба да бидат приоритет за поголема ефикасност на овој граничен премин.

Според министерот за внатрешни работи, заедничките напори на институциите се да се работи на приближување кон членството на земјата во ЕУ и отстранување на границите, но според него, дотогаш треба да се инвестира во подобрување на условите на граничните премини.

На овој граничен премин во моментов функционираат 10 ленти, две за камиони, една за автобуси и 7 ленти за други возила со патници. Автобуската лента привремено опслужува и други возила./Alsat.mk

Ајнуре Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button