ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

КОВИД варијантата BA.5 не прашува дале сте вакцинирани или прележани

КОВИД варијантата BA.5 не прашува дале сте вакцинирани или прележани

Во последните 24 часа се забележува драстично намалување на бројот на новозаболени лица од корона вирусот во однос на претходната недела. Извештајот на Институтот за јавно здравје покажува дека од направени 1.238 тестови, само 178 случаи биле позитивни, од кои 33 пациенти биле повторно заразени. Во меѓувреме, две лица од Скопје на возраст од 60 и 72 години починаа во болница. Од 4.535 активни случаи, половината се во Скопје.

Advertisements

Институт за јавно здравје

Скопје – 1.883 активни случаи
Битола – 336 активни случаи
Куманово – 237 активни случаи
Кавадарци – 222 активни случаи
Прилеп – 210 активни случаи

Сепак, здравствените власти велат дека состојбата е под контрола и нема потреба од дополнителни мерки, но епидемиолозите препорачуваат носењето маски повторно да стане задолжително во сите затворени средини. Поранешниот директор на Центарот за јавно здравје во Скопје вели дека фокусот на заразата сега е целата држава. Не постои безбедна зона бидејќи ширењето на варијантата BA.5 на Омикрон го надминува вакциналниот или природниот имунитет.

Вакцинацијата помага полесно да се надмине инфекцијата без фатални последици. Комисијата за заразни болести неделава ќе одржи состанок на кој ќе се испита новата епидемиолошка состојба. Од почетокот на пандемијата до денес направени се над 2 милиони и 120 илјади тестови, од кои 330 илјади беа позитивни. За овие две и пол години во Македонија 315.000 пациенти се излекуваа од ковид, а над 9.300 починаа.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button