ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Буџетот попразен за МИЛИЈАРДА евра поради сива економија

Неформалната економија кај нас му крати на државниот буџет повеќе од една милијарда евра годишно. Ова се наведува во студијата на универзитетскиот професор Харун Таири, кој од теренските анализи за неформалната економија, докажал дека кај нас е застапена од 30 до 35 проценти. Станува збор за фирми главно низ селските средини.

Advertisements

„Последиците се големи. Колкав е овој процент? Врз основа на мојата евалуациска анализа и работа на терен, во земјите во транзиција и Македонија, како и земјите од Западен Балкан, тој изнесува 30-35 проценти. Ако го анализираме она што го кажавме, односно нереализирањето на буџетот, односно ако имаме проектиран буџет од 4 милијарди и ако го помножиме со 30-35 проценти, излегува дека имаме над една милијарда даночни приходи кои му недостигаат на општеството, а кои ги користи неформалниот сектор“, вели проф. Таири.

Но, што треба да направи државата за да се искорени сивата економија и кои се мерките што треба да се преземат? Универзитетскиот професор вели дека какви и мерки да се преземат важно е да бидат многу бавни за да немаат спротивен ефект.“

„Како прва мерка, безготовинските плаќања се моќен фактор кој оневозможува проширување на сивата економија. Втората форма се банкарските картички кои овозможуваат борба против оваа појава, а другата форма е свеста на населението. Тоа е на штета на населението затоа што помал буџет значи помалку болници, помалку патишта, помалку социјална помош“, вели проф. Таири.
Според статистичките податоци, сивата или неформалната економија е најизразена во Македонија, Косово, Албанија и Босна со над 30 проценти, додека во европските земји таа се движи само околу 5 проценти.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button