ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Реконструкција на Владата во септември?

Дали спорот со Бугарија ги ниша темелите на Владата и дали коалициските партнери ќе му останат лојални на премиерот Димитар Ковачевски до крајот на мандатот? Овие дилеми засега остануваат без потврдени одговори. Гласините за можна реконструкција на владиниот кабинет во текот на следниот месец, се шпекулации, велат од СДСМ.

Advertisements

Стабилноста на мнозинството и владиниот кабинет беше доведена во прашање кога неколку помали партии од мнозинската коалиција признаа дека имаат дилеми за содржината на преговарачката рамка со ЕУ, за прашањата поврзани со Бугарија. Прв беше лидерот на Демократски сојуз, Павле Трајанов, но тој денеска беше недостапен за коментар во врска со евентуалната реконструкција на владата на Ковачевски. Дали Трајанов ќе остане дел од мнозинството и дали евентуално ќе бара министерска функција, останува нејасно. Алсат контактираше со министерот за локална самоуправа Горан Милески, претседател на Либерално-демократската партија.

„Немам информации за можна реконструкција на Владата во септември. Тоа се шпекулации. ЛДП јасно кажа дека нема да ја загрозува стабилноста на парламентарното мнозинство или да ја напушта Владата“, рече Милески.

Владата на Ковачевски е во функција од јануари годинава и досега нема претрпено промени во составот.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button