РЕГИОН

Курти повторно повика на пререгистрација на табличките

Премиерот на Косово, Албин Курти, не се откажува од намерата да ги пререгистрира возилата во сопственост на Србите на Косово со косовски таблички, пренесе Танјуг.

Advertisements

На Фејсбук, со видео порака на српски јазик, Курти ги повика граѓаните да ги променат регистарските таблички во следните два месеца, без надоместок, кој инаку изнесува 5.000 евра.

„Ги повикувам граѓаните на Република Косово, сопственици на автомобили со регистарски таблички „ПР“, „КМ“, „ПЗ“, „ГЛ“, „УР“, „ПЕ“, „ДА“ и „ЃА“ повторно да ги пререгистрираат на регистарски таблички на РКС во следните два месеци, при што се ослободени од даноци и давачки во износ до 5.000 евра“, изјави Курти.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button