Брачен пар во Велика Британија пронајде богатство под подот во кујната

Среќен британски пар дојде до неверојатно откритие под подот на нивната кујна додека додека го реновирале домот. Неименуваната двојка од Северен Јоркшир, се очекува да биде побогата за 250 000 фунти, пренесува „The Sun“.
Двојката не ни помислувала дека цела деценија вечера над големо богатство, сè додека не решиле да го сменат подот. Тогаш наишле на она што мислеле дека е електричен кабел, околу шест инчи под бетонот на нивната куќа, изградена уште во 18 век.
Кога погледнале подобро утврдиле дека станува збор за глинена чаша исполнета со златни монети.
Поточно, во чашата, со големина на лименка од кока кола, има речиси 300 монети, стари околу 400 години.
Монетите датираат од периодот помеѓу 1610 и 1727 година и го опфаќале владеењето на Џејмс I и Чарлс I до Џорџ I.
Двојката брзо ги повика лондонските аукционери Spink & Son, а експерти веќе ја проценуваат вредноста на колекцијата.