ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Поради отказ на наставничка, не им давале на децата да влезат во училница

Родителите на учениците од паралелка во ОУ „Гоце Делчев“ во Тетово протестираа и не им дозволуваа на децата да влезат во училницата поради отказ на наставничка. Родителите велат дека во рок од две години, на децата наставничката им ја менувале неколку пати, што според нив, влијаело на наставниот процес.

Advertisements

„Како претставник на класниот совет, прво сакам да појаснам едно, ова не е на политичка или партиска основа, туку едноставно како одговорност што ја имаме кон нашите деца, зашто не сакаме нашите деца да бидат жртви на партии или на политичките системи кои се кај нас. Сакаме да продолжи истата наставничка која е од второ одделение“, вели Бурхан Алити, родител.

„Кога се случуваат вакви работи, топката се префрла ваму-таму, а никој не нè поддржува. Но, ова што се случи ги погоди децата и психолошки и наставно. Лошо е седум-осум годишни деца да менуваат учителка секоја година. Не сакаме нашите деца да ги мешаат во политички прашања, туку сакаме да бидат соодветно едуцирани и психолошки и образовно“, вели Анита Азири, родител.

Родителите побараа став од управата на училиштето, но никој ништо не одговори.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button