ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Со автобус од Горно Нерези до Скопје како во филмот „Ко то тамо пева“

Со автобус од Горно Нерези до Скопје како во филмот „Ко то тамо пева“

Учениците од основно и средно образование во населбата Горно Нерези во општина Карпош повторно имаат проблеми со превозот. Автобусот со број 28 речиси секој втор ден не доаѓа. Во деновите кога доаѓа, се случува учениците да останат на половина пат поради дефект на возилото. Поради тоа средношколците честопати доцнат или пропуштат часови.

Advertisements

„Кога сме прва смена го губиме првиот час. А, втора смена треба последните два часа да ги пропуштиме за да стигнеме до Горно Нерези, а до таму има 5 километри. Попладне е тешко, далеку е и има кучиња. Тешко е затоа што не може да дојдеш сам, мора да имаш придружба. Сега кога ќе залади се плашиме“, рече една ученичка.

Револтирани од институциите се родителите на децата кои велат дека ќе излезат на протести.

„Еден ден доаѓа, два дена не доаѓа. Овој пат е сериозен проблемот затоа што економијата е критична во целиот свет. Тука кај нас некој ги праќа со кола, но некој нема ни нафта во колата зашто е скапа, па децата се мачат и пешачат“, изјави еден родител.

„Откако децата тргнаа на училиште, нема редовен автобус. Како се снаоѓаат тие денови кога нема автобус? Или одат пеш или ги носи некој кој има кола. Остана само да одиме во Ѓорче, кај нивната гаража, да ја блокираме вратата и да не ги пуштаме, да протестираме“, додаде друг родител.

„Побаравме, но нема резултат. Имаме проблем со автобусот, ги зема децата и ги остава на половина пат, доцнат на школо. Имаат проблеми, не можат да стигнат на училиште, наставниците не им веруваат, проблеми колку сакаш, изостаноци. Или да го блокираме патот или да одиме пред Град Скопје“, рече еден друг родител.

Во моментот кога Алсат снимаше, пристигна автобусот. Возачот не сакаше да зборува пред камера, но призна дека има проблеми.

„Колку често имате вакви проблеми? Постојано. Секој ден? За жал, да. Дали сте ги пријавиле овие проблеми кај одговорните? Да, тие знаат сè, нема автобуси, стари се, не се одржуваат, нема делови. Родителите се во право, јас стојам зад нив, сите сакаат да одат на работа и на училиште“, рече возачот на автобус.

Одговор за проблемот не добивме ниту од Град Скопје ниту од ЈСП./Alsat.mk

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button