РЕГИОН
Два параглајдера се судрија во Косово, почина 27 годишно момче


Алсат
20.07.2020 12:25
Момче на 27 години синоќа почина во ургентниот центар во Косово, откако при слетување се судрил со друг параглајдер. Несреќата се случила околу околу 13:45 часот во селото Кориш во општина Призрен.
Во судирот повредена е и девојка на возраст од 23 години која го управувала другиот параглајдер.
На местото на настанот излегле екипи на Комисијата за истраги на воздушни несреќи и инциденти и заедно со подрачните единици на косовската полиција во Призрен и ги испитуваа теренските докази.
Конечниот извештај ќе биде испратен до надлежните институции на Косово.