ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ковачевски – Ердоган: Соработката е важна со цел ублажување на последиците од енергетската криза

Ковачевски – Ердоган: Соработката е важна со цел ублажување на последиците од енергетската криза

Премиерот Димитар Ковачевски кој денеска присуствува на првиот состанок на Европската политичка заедница во Прага, на својот Фејсбук-профил информираше дека се сретнал со турскиот претседател, Реџеп Таип Едроган.

Advertisements

-Со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, денес во Прага дискутиравме за важноста од соработка со цел ублажување на последиците од светската енергетска криза. Нашите пријателски земји, традиционално негуваат добрососедски односи и верувам дека економската соработка во иднина ќе се продлабочува, вели Ковачевски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button