ВЕСТИМАКЕДОНИЈАПатот кон

Рашиди: Алијасата нема да биде дел од власта

Рашиди: Алијасата нема да биде дел од власта

Запрашан за изјавата на Арбен Таравари, кој вели дека доколку Алијансата за Албанците добие понуда за вклучување во владата, ќе ја разгледуват, Сирија Рашиди вечерва во емисијата „Патот кон“ во Алсат рече дека тоа се шпекулации.

Advertisements

„Алијансата за Албанците е сериозен политички субјект кој не носи одлуки врз основа на хипотетички гласини, туку носи политички одлуки врз основа на она што е реално и објективно“, рече Сирија Рашиди.

Рашиди ги демантираше гласините дека Алијансата  ќе биде вклучен во владата.

„Јас сум член на раководството на партијата и оваа тема не е претставена на ниту една средба“, нагласи Сирија Рашиди од Алијансата за Албанците./Alsat.mk

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button