ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Градинките и училиштата ќе продолжат да работат со преполовени капацитети

Системот на функционирање на градинките и училиштата ќе остане ист се додека не се подобри состојбата. Ова е ставот на министерот за здравство, Венко Филипче, и покрај изјавата на министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, дека вирусот не се пренесува во градинките и училиштата. Филипче вели дека земјата ги следи меѓународните практики и препораките на СЗО, а друга одлука ќе се донесе по подобрувањето на епидемиолошката слика.

Advertisements

На иста линија со министерот Филипче е и Министерството за образование. Од ова министерство велат дека во моментот не се планира промена на образовниот модел.

„Училиштата ќе продолжат да работат според протоколот што се покажа како успешен. Досега нема пренесување на вирусот во училиштата кои работат со физичко присуство, односно е помалку од 1 процент од бројот на ученици и наставници”, наведуваат од министерството за образование.

Унијата на средношколци смета дека во моментот состојбата е алармантна и врз основа на консултации со здравствените власти, враќањето на учениците со физичко присуство во училиштата се очекува да се случи на почетокот на второто полугодие.

„Во моментов епидемиолошката состојба е целосно надвор од контрола, и не е добро управувана, поради што е невозможно да ги адресираме барањата за образование со комбиниран метод до образовните институции заради големиот ризик во моментов што го имаме како земја со 1300-1400 случаи на ден “, вели Бленди Ходаи, Унија на ученици.

Ден претходно, министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска изјави дека досега, врз основа на анализите, се заклучува дека вирусот не се пренесува  меѓу децата во градинките и учениците во училиштата, туку дека заразените се инфицирале надвор од институциите. На ист став беше и директорката на Санитарен здравствен инспекторат, Ирина Сотирова Бухова, која изјави дека од досега извршените 1.000 проверки, не е регистриран ниту еден случај на пренесување на вирус во градинките и училиштата.

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button