ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Повисоки казни за загадување, за граѓани и до 5.000 евра

Со новите законски измени за прекршоци, ако некој граѓанин ја загадува животната средина може да биде казнет и до 5.000 евра. Големите фирми пак, може да добијат глоби и до 200.000 евра. Сепак, висината на казната може да биде и помала. Сè ќе зависи за колкава штета се работа. Тоа ќе го утврдуваат инспекторите за екологија.

Advertisements

Ново законско решение за прекршоци:

„За прекршоците од областа на заштитата на природните богатства и животната средина глобата може да се пропише во дваесеткратен износ.“

  • За граѓани МОЖНА казна меѓу 15 и 5.000 евра
  • За одговорно лице во фирма и овластено службено лице МОЖНА казна меѓу 15 и 10.000 евра
  • За фирми МОЖНА казна меѓу 50 и 200.000 евра во зависност од големината на компанијата

Казните за граѓаните-загадувачи се зголемуваат, но изборот како домаќинствата да се загреваат не е решен. Гасификацијата сè уште ја нема. Министерот за екологија е оптимист дека гасот догодина ќе ги загрева домаќинствата.

„Тендерот за секундарната и терцијалната мрежа ќе биде готов во наредните неколку месеци. И тогаш компанијата ќе биде обврзана да снабди најмалку 50% во градовите во наредните четири години и најмалку 25% во руралните средини во наредните четири години“, вели Насер Нуредини, министер за животна средина.

Нуредини додава дека новото законско решение е пред сè донесено за индустриите кои исто така се големи загадувачи. Ако некој ја загади животната средина, покрај плаќање на казна, ќе има обврска да ја санира и штетата. Законското решение од Владата сè уште не пратено до Собранието.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button