МАКЕДОНИЈАРЕГИОН

Засадени 13 дрвца за 13 години дипломатски односи со Косово

Македонија и Косово ја одбележаа 13-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи со засадување на 13 садници во паркот Чаир. Министерот за надворешни работи Бујар Османи и амбасадорот на Косово Флоријан Ќехаја дадоа коментар за досегашните односи. Османи рече дека Македонија го поддржува Косово во напорите да се зачлени во меѓународните институции и да добие визна либерализација за патување низ Европа. Во однос на „Отворен Балкан“, Османи рече дека Македонија би ја напуштила иницијативата доколку таа и нанесува штета на некоја држава.

Advertisements
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button