ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Бујар Османи: „Артан Груби не е сменет, туку е унапреден!“

Еден ден по изборот на новото раководство, ДУИ верува дека од овие случувања ќе излезе уште посилна. Партискиот портпарол Бујар Османи вели дека вакви судири постојат во сите партии, но моќта е во тоа како тие да се надминат.

„Никој не е сменет од функцијата, туку е избрано ново раководство. Генералниот совет на партијата одлучуваше не само за членовите на Централното раководство, туку и за потпретседателите и генералните секретари. Мислам дека Артан Груби е дури и унапреден во ова Централно претседателство бидејќи е член на Претседателството. Ќе видите, како што реков вчера, нова енергија во ДУИ по ова Централно раководство“, рече Османи.

ДУИ пред еден ден избра 34 нови членови на Претседателството, меѓу кои и потпретседатели и секретари, по речиси три години без партиски органи. Таканаречената „огнена група“ зема добар дел од овие функции.

Османи го коментираше и присуството на првиот човек на Собранието Талат Џафери на вчерашната средба. Тој рече дека се свесни оти Џафери, кој инаку е член на Генералниот совет на ДУИ, не треба да има партиска функција сè додека е претседател на Собранието. Но, постапката на Џафери, Османи ја оправдува со тоа што тој често не доаѓал на состаноците.

Уставот пак, го пропишува следново:

Устав, член 67

„Функцијата претседател на Собранието не е компатибилна со вршење на друга јавна функција, професија или функција во политичка партија“.

Алсат испрати прашања до Талат Џафери за да го разјасни конфликтот меѓу функцијата спикер и партиската функција, но не добивме одговор.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button