ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Занаетчиите крпат ден за ден, актуелната криза ги дотолчи

Занаетчиите се борат за опстанок. Уште пред да се опорават од последиците предизвикани од пандемијата, сега трпат од економската криза. Стравуваат дека во блиска иднина ќе бидат принудени да ги затворат дуќаните. Илчо Трајковски е изработувач на шапки. Тој е еден од најстарите занаетчии во Скопската чаршија, занает што претходно го практикувале неговиот татко и дедо. Вели дека неговата дејност се соочува со големи проблеми како незаинтересираноста на младите, вреднувањето на трудот, а сега и економската криза.

Покрај сметките, занаетчиите многукратно поскапо го купуваат и основниот материјал за своите производи. Тоа го натерало Илчо да ги поскапи шапките и во моментов неговиот бизнис опстојува благодарение на туристите.

Со текот на годините, многу занаети станаа дел од минатото. Некои поради, промената на начинот на живеење, како што се казанџиите, кожарите, јорганџиите, а други поради тоа што немало кој да го наследи занаетот.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button