ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Осигурителните компании ќе одлучуваат дали да им ги вратат парите на оние кои платија поскапи полиси

Осигурителните компании во вторник ќе одлучуваат дали ќе им ги вратат парите на оние кои платија за 15% поскапи полиси.

Според проценките, од 400.000 автомобили чија моќност надминува 44 киловати, неделно во просек се регистрираат по 10.000 возила, што значи толку лица платиле од 840 до 1600 денари повеќе за полисите за автоодговорност. Владата на 2 мај го смени тарифникот и ги врати цените по старо, но граѓаните кои веќе платија сега се оставени на волјата на осигурителните компании да одлучат што понатаму.

Од соопштението на групацијата за осигурување, се гледа дека компаниите не се задоволни со враќање на ценовникот назад, за кој велат дека е донесен еднострано, но, за панатамошни дејствија, ќе одлучувале следната недела.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button