РЕГИОН

Белград: Одлуката на Курти за пререгистрација на табличките е незаконска и насилна

Директорот на Канцеларијата за Косово во Владата на Србија, Петар Петковиќ, изјави дека одлуката на косовскиот премиер Албин Курти за пререгистрација на табличките е „незаконска и насилна“ и дека неговата главна цел е да „го потисне“ постоењето на Србите на Косово.

Advertisements

„Курти донесе незаконска одлука Србите, кои имаат таблички КМ, да се пререгистрираат со таблички РКС, што е спротивно на сите договори што ги имавме досега“, изјави Петковиќ за Радио телевизија на Србија. Тој повтори дека Курти сака да ги исплаши тамошните Срби, но дека Србија нема да дозволи никаков погром.

На 28 октомври косовскиот премиер Курти презентираше план за регистарски таблички издадени од српските власти за градовите во Косово, според кој сопствениците на вакви автомобили ќе бидат предупредувани од 1 ноември и оваа мерка ќе трае три недели. Потоа ќе се издаваат казни до 21 јануари 2023 година, а по тој период ќе се издаваат пробни таблички за уште два месеци. Од 21 април 2023 година, како што рече Курти, нема да биде дозволено движење на возила со таблички различни од РКС (Република Косово). Рокот на косовската Влада за пререгистрација на возилата со српски таблички, кои се нелегални за Косово, истекува денеска. Тоа се претежно таблички КМ (Косовска Митровица), кои се нелегални за Косово, но досега се толерирани во општините со српско мнозинство на северот на Косово – Северна Митровица, Лепосавиќ, Звечан и Зубин Поток. Од околу 10.000 автомобили со вакви таблички, околу 20 се пререгистрирани во РКС.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button