ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Донесени законските измени за здруженија и партии

Без ниту еден глас против, ниту воздржани, пратениците и од власта и од опозицијата со 67 гласови „за“ вчера ги изгласаа измените на Законот за здруженија и фондации, поднесен од ВМРО-ДПМНЕ и на Законот за политички партии, поднесен од СДСМ, со кои се забранува здруженија и партии да носат фашистички имиња. Предложените законски измени на двете партии уследија по отворањето бугарски клубови во земјава со имињата „Ванчо Михајлов“ на 16 април во Битола и „Цар Борис Трети“ на 7 октомври во Охрид.

Advertisements

Со измените на двата закони се предвидува отфрлување на фашизмот, нацизмот и национал-социјализмот во сите општествени форми на здружување. Со усвоените измени, сите досега формирани здруженија и фондации, како и политички партии, имаат рок од три месеци да се усогласат со новите законски измени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button