РЕГИОН

Адвокат на Тачи: Притворот незаконски се продолжува

Адвокат на Тачи: Притворот незаконски се продолжува

Почетокот на судскиот процес против лидерите на ОВК во Хаг, сè уште изгледа далеку. Адвокатот акредитиран во Специјалниот суд, Артан Ќеркини, смета дека процесот во претходна постапка премногу се одолговлекувал и бил проследен со бројни неправилности, а обвинителството не се придржувало до роковите за доставување докази.

Advertisements

„ Констатацијата на судот дека постои ризик да се влијае врз доказите е неиздржлива бидејќи сите сведоци се испрашани, потоа самиот суд е формиран надвор од територијата на Косово со единствена цел да се спречи можноста за влијание врз сведоци, а ова воопшто не се зема предвид и притворот се продолжува автоматски, според мене спротивно на меѓународните стандарди“,рече Артан Ќеркини, адвокат.

Медина Кадриу од косовскиот институт за правда, која ги следи процесите во Хаг, вели дека адвокатите се пожалиле дека обвиненијата постојано се менуваат што им отежнува да ја подготват одбраната.

„Меѓу најголемите обвинувања упатени до ова обвинителство од страна на одбраната е дека одбраната не ги презентирало доказите за нивна невиност пред судот и доколку се докаже дека тоа е вистина, тогаш имаме работа со флагрантна повреда на обврските на обвинителството“, изјави Медина Кадриу, Косовски институт за правда.

Здруженијата кои произлегоа од војната сметаат дека апсењата и притворањето на поранешните водачи на ОВК е неправедно .

„Ова е невидена војна против вредноста на народот и нацијата, против војната на Ослободителната војска на Косово, а за нас е загрижувачко што две години, не знам дали се случило некаде, сè уште да не помине процесот во фаза да се расправа и да се аргументира за што ги обвинуваат водачите на Ослободителната војска на Косово“, додаде Џавит Јашари, претседател на Сојузот на семејствата на хероите.

Досега се одржани 15 рочишта со поранешните лидери на ОВК. Обвинението за наводни воени злосторства против Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селим беше потврдено во октомври 2020 година, по што следеше нивно апсење и испраќање во Хаг./Alsat.mk

Шкелзен Аќифи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button