Фрлена бомба во фризерски салон во Белград

Рано утринава била фрлена рачна бомба во фризерски салон на улицата „Браничевска“ во општината Врачар во Белград, потврдија од српското Министерство за внатрешни работи, јави РТС.
Според првичните информации од Министерството, во експлозијата нема повредени, а единствено е причинета материјална штета. Пред фризерскиот салон се гледаат многу искрешни стакла.
„Експлозивната направа била фрлена нешто пред 04:00 часот на улицата ‘Браничевска’. Истрагата е во тек“, соопшти српското МВР.
Репортерот на РТС јавува дека жителите биле разбудени од експлозијата која утринава одекнала во фризерскиот салон. Менаџерот на салонот, пак, изјавил дека безбедносните камери снимиле момче во сив дуксер како прво го крши стаклото од салонот со чекан, а подоцна фрла бомба.
Во октомври годинава во Србија имаше повеќе дојави за поставени бомби, за кои тамошното МВР утврди дека се лажни.