РЕГИОН

Лидерска средба во Косово, по случувањата на северот

Опозициските лидери во Косово побараа од премиерот Албин Курти целосна координација со меѓународните партнери. Тројцата лидери на опозициските партии отидоа на средба со Курти на која разговараа за последните случувања на Косово, особено на северот. Шефот на ДПК, Красниќи, по средбата изјави дека на Косово „во овие моменти му требаат одговорни дејствија кои ќе го зачувуваат суверенитетот на земјата“.

Advertisements

„Денеска излегувам од оваа средба не многу сигурен дека владата знае по кој пат тргнала и како да излезе од оваа ситуација со зачувување на територијата на Косово. Го изразив барањето на ДПК дека на Косово му требаат одговорни дејствија и одлуки кои ќе го зачувуваат суверенитетот на Републиката“, рече Красниќи.

Лидерот на ДСК Абдиџику истакна дека на средбата со Курти не виделе конкретен план или подготвеност за целосна координација со меѓународните сојузници“.

„Денес е патриотски чин да се бара координација со САД. Таква координација нема бидејќи нема таква декларација. А, му рековме на премиерот да не ја правиме темата со Србија тема на внатрешна дискусија затоа што партиите во ова прашање се во еден правец“, рече Баџику.

Харадинај ја напушти средбата и рече дека бил принуден на тоа бидејќи, како што рече, „Курти држел предавања и не ни објаснил зошто ги раскинал односите со Америка“. За мене е неприфатливо во вакви чувствителни случаи да ги раскинуваме односите со главниот безбедносен сојузник“, напиша Харадинај на Фејсбук.

Премиерот Курти рече дека средбата поминала многу добро, но според него лидерите на опозицијата се повеќе незадоволни отколку несогласни.

„Не е точно дека не знаеме по кој пат одиме, нашиот пат е патот на законитоста, конституционалноста, човековите и малцинските слободи и права, тоа е патот на мирот и безбедноста што се прави во согласност со нашиот мандат, со волјата на народот и координација со нашите западни пријатели и сојузници“, рече Курти.

Лидерската средба беше свикана три дена откако српските претставници дадоа оставки од косовските институции на сите нивоа и по изјавите на самиот Курти дека се засилени заканите на Србија за дестабилизација на ситуацијата на северот на Косово. Владата на Косово од 1 ноември започна со имплементација на својот трифазен план за пререгистрација на автомобилите со српски регистарски таблички во РКС – Република Косово. Соединетите Американски Држави и Европската Унија изразија разочарување зошто Владата на Косово не постапила во согласност со нивното барање за одложување на рокот за пререгистрација на регистарските таблички.

Алсат

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button