ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Временска прогноза – сончево, претпладне магловито

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, претпладне со појава на магла или ниска облачност по котлините. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.
Во Скопје претпладне магловито, а во текот на денот сончево со умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до пет, а максималната ќе достигне до 15 степени.