ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Полицијата соопшти дека го разрешила инцидентот во Куманово од пред неколку дена

Полицијата соопштува дека е расчистен инцидентот од 14 ноември во Куманово кога две млади момчиња биле нападнати од група хулигани. Според полицијата, не се работи за етнички мотивиран инцидент. Иако на информативен разговор биле повикани 15 лица, во полицискиот извештај пишува дека со лисици на рацете завршиле 9 лица на возраст од 18-23 години.

Advertisements

Р.И (18), Ф.А. (19), А.Д. (20), КГ (18), А.Т. (18), А.В. (18), А.С. (20), А.Б. (23) и Л.С. (19). Во информативниот разговор биле повикани и тројца малолетници. Утврдено е дека се работи за недоразбирање без никаква етничка позадина“, наведоа од МВР.

На прашањето врз основа на кои докази полицијата констатирала дека не се работи за меѓуетнички инцидент, министерот за внатрешни работи Спасовски рече дека на Јавното обвинителство е да ги докаже мотивите и причините за нападот од група хулигани.

Првиот човек на општина Куманово, Максим Димитриевски, оцени дека инцидентот е сценарио за оние на кои им пречи соживотот. Димитриевски рече дека Спасовски, Ковачевски и Ахмети треба да одговорат за инцидентот.

„Кој се обидува да го наруши соживотот во Куманово и дали е ова изолиран инцидент? Дали концертот од пред пет дена вознемири некои политички партии и самопрогласени власти и влегуваат во познати сценарија? Чекам одговор од Спасовски, Ковачевски и Ахмети“, рече Димитриевски.

Одговарајќи на обвинувањата на Димитриевски, Спасовски рече дека со конечните извештаи на истражните органи ќе се докаже кому му служеле овие лица и нивното дело.

Во инцидентот на 14 ноември, цел на нападот во кумановската населбата „Орта Бунар“ биле двајца млади момчиња кои во полиција изјавиле дека не се вмешани во инциденти и претходни провокации, и дека не ги познаваат напаѓачите. Во меѓувреме, реагираа од семејството на лицето чија фотографија беше објавена, претендирајќи дека е осомничен во случајот поради црвениот автомобил, сличен на оној што го користеле хулиганите. Според нив, нивниот син не живее во Куманово и нема никаква врска со случајот. Од полицијата, случајот е доставен до обвинителството во редовна постапка, кога започнува Обвинителската фаза за утврдување на делото и покренување на кривично гонење против инволвираните во инцидентот.

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button