Ковачевски потврди дека се преговара со Алијанса за проширување на мнозинството

Премиерот Димитар Ковачевски признава дека води преговори со Алијанса за Албанците и оти може да дојде до проширување на парламентарното мнозинство. Тој рече дека е нормално албанската опозициска партија да има услови за кои ќе разговараат.
Запрашан дали за ова разговарал со останатите коалициски партнери, односно со Алтернатива, премиерот не верува дека некој ќе биде против проширувањето.
Ковачевски и Таравари во петокот одржаа средба на која соопштија дека разговарале за неопходните реформи за европскиот пат и борбата против криминалот и корупцијата. Таравари не го демантираше евентуалниот влез во Владата, но рече и дека не разговарале за позиции. Неофицијално се тврди дека се преговара за тројца министри, тројца заменици-министри и десетина дирекции.
Фатлуме Дервиши