ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Утре се навршува една година од трагедијата во Бугарија

23-ти ноември 2021 е датум кој ќе остане запаметен за јавноста во Македонија и Бугарија. Уште рано изутрина медиумите започнаа да споделуваат информации за тешка сообраќајна несреќа на автобус на Беса транс на бугарските патишта. Во несреќата загинаа 44 патници а седум преживеаја. Но, додека за широката јавност сликите од кобниот ден избледуваат, за преживеаните спомените се сѐ уште свежи. Меѓу нив се Љуљзим и Медина Сулејмани од Прешево, кои говореа за емисијата „360 степени“.

Advertisements

„Кога го скршив стаклото, паднав доле со него. Другите сами излегоа, кој имаше среќа да излезе. Јас не успеав никого да спасам, зашто автобусот беше висок и имаше оган, па затоа го скршив стаклото. Не можев да ја спасам ни Медина, бидејќи остана во автобусот, но потоа излезе сама“, вели Љуљзим Сулејмани – патник од автобусот.

За бугарските правосудни органи причините за настанот се јасни. Сепак, за официјално случајот да биде затворен, како што велат од софиското обвинителство, увид во доказите треба направат роднините на загинатите.

„Експертизата докажа дека возачот го возел автобусот со голема и неприлагодена брзина и причината за сообраќајниот инцидент со тешки последици е човечка грешка“, изјави Сијка Милева – портпарол на Софиско обвинителство.

Но, адвокатот Димитров, кој ги застапува семејствата, ја оспорува истрагата, повикувајќи се на извештаи од релевантните органи. Тој вели дека конкретни лица треба да завршат зад решетки.

„Возачот не знаел каде се наоѓа на патот. Немало ознаки, имало лошо поставен асфалт…заштитните огради ако одговараа на барањата на Европската унија, а требало да одговараат, немало да биде блокирана вратата на автобусот и треба конкретни лица да бидат обвинети и да влезат во затвор“, вели Николај Димитров – адвокат.

Сопственикот на Беса Транс во Македонија се гони за фалсификување на исправа односно дека вршел меѓународен превоз без да има лиценца издадена од Министерството за транспорт, туку на граница покажувале лажни исправи.

Лука Андреев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button